Владата му ја одзеде реконструираната сала „Партизан“ на општина Карпош
„Оттука со денешното гласање на Заклучокот, Советот на Општина Карпош особено се противи на начинот на донесување на предметната Одлука и ја оценува како штетна, донесена без консултација и без претходно побарано мислење од Општината. Во таа насока, Советот како орган на Општината ги задолжува стручните служби на локалната самоуправа и градоначалникот Јакимовски, да поведат понатамошна постапка пред надлежните органи“, извести општината.
Спортската сала „Наум Наумовски – Борче”, поранешна сала „Партизан” во Општина Карпош е целосно реконструирана и официјално отворена од последните денови на 2023. Дотогаш речиси 20 години претставуваше руина во овој дел од главниот град.
Салата во 2005 година од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали беше дадена под концесија на 30 години на фирмата „Сенгруп“. Но, наместо да ја заживее, салата целосно пропадна, беше разурната, запалена, искршена, затрупана со бетон, цигли, ѓубре, шут, стакло и наликуваше дека во секој момент може да се урне.
