Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата може да падне aко нема датум за преговори?

Владата може да падне aко нема датум за преговори?

Македонскиот премиер Зоран Заев од Брисел денеска предупреди дека ако Европскиот Совет одлучи да не ја прифати препораката на ЕК, нашата држава да ги започне преговорите со Европската Унија, можно е да падне Владата.

Заев оцени дека евентуалната негативна одлука на Европскиот Совет, ќе ги загрози сите досегашни резултати на неговата Влада, но и реалниот огромен потенцијал за во иднина.

Премиерот нагласи и дека Владата трпеливо работела на обезбедувањето двотретинско мнозинство за промена на Уставот со цел промена на уставното име, оценувајќи дека тоа било исклучително чувствително прашање заради кое пратениците се соочувале и со закани и притисоци од националистите и радикалите во државата.

Доколку земјата не добие датум за преговори, најверојатно ќе падне и Владата и ќе мора да се организираат нови избори, рече Заев. Тоа според премиерот значи и дека економијата ќе запре, затоа што никој не инвестира во предизборен период и ќе бидат изгубени повеќе од 6 месеци.

Слично

Поврзани вести