Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе се задолжи 1,7 милијарди евра до 2019-та година

Владата ќе се задолжи 1,7 милијарди евра до 2019-та година

Владата до 2019 планира да се задолжи за 1,7 милијарди евра, покажува најновата фискална стратегија на министерството за финансии, пренесе 24 Вести. 

Со тоа, јавниот долг на земјава до 2019 година министерството за финансии планира да достигне 56% од БДП. 

Владата од домашните и странските пазари планира да позајми сума 1,7 милијарди евра, при што поголемиот дел односно 876 милиони евра ќе ги позајми од домашниот пазар, а останатиот од странските пазари. 

Со сите овие податоци, министерството за финансии во фискалната стартегија пресметало дека јавниот долг до 2019 година година ќе изнесува 56 % од БДП, додаваат од 24 Вести.


Слично

Поврзани вести