ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе отвори конзулат во Корча

Владата ќе отвори конзулат во Корча

Владата донесе одлукa за отворање конзулат во Корча. 

Владата на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија донесе одлука за отворање на генерален конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион.

„Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски. Владата продолжува со конкретни мерки и политики кои имаат за цел да ја потврдат вистинската грижа за подобрување на стандардот и враќање на довербата на граѓаните во институциите“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Претходно власта најави дека ќе ја реализира оваа идеја. 

foto Wikipedia/ShkelzenRexha

ad
Слично

Поврзани вести