Владата ќе набави 10.000 дози вакцини Фајзер за деца
Владата ќе набави 10.000 дози вакцини Фајзер за деца од 5 до 12 години.
На денешната 127-ма седница е донесена одлука за набавка на 500.000 дози вакцини Фајзер. Во нив се вклучени и дозите за деца во количина од 1 процент од вкупниот број на деца во државата на возраст од 5 до 12 години, или околу 10.000 дози.
„Дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година“, велат од Владата.
Набавката на оваа количина вакцини против КОВИД-19 за 2022 година е поради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата.
Слично
