Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе изработува Централен електронски регистар на население

Владата ќе изработува Централен електронски регистар на население

Владата до јули 2018 планира да изработи Централен електронски регистар на население.

Ова го соопшти денеска владиниот портпарол Бошњаковски и за кој проект вчера е усвоена информација на владина седница.

Целта според Бошњаковски за овој проект е поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации а овој регистар не е замена за пописот.

„Кога ќе биде направена и обезбедена самата алатка преку неа можно е да се направи и електронски попис, но таа не исклучува спроведување попис на населението во неговата стандардизирана форма“, појаснува Бошњаковски, нагласувајќи дела Регистарот на население не е замена за попис.

Централен електронски регистар на населението треба да овозможи поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации во повеќе институции во земјава, како што се МВР, Катастар и други.

Фото: Мрт

Слично

Поврзани вести