Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе испита како Тарчуловски добивале помош од 5000 евра месечно

Владата ќе испита како Тарчуловски добивале помош од 5000 евра месечно

Владата ги „чешла“ договорите по информациите за владината одлука од 2011 година за доделување пари (5.000 евра месечно) за сопругата на Јохан Тарчуловски, Соња Тарчуловска за време на неговиот престој во затворот во Хаг.

Од Владата велат дека наведениот договор ќе биде предмет на анализа. 

Поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година донела одлука со која на Јохан Тарчуловски му е одобрен месечен надомест од 5.000 евра.

Документот со печат и потпис на тогашниот вицепремиер Владимр Пешевски, покажува дека тие средства му се префрлани под ставката – помош на семејството на Тарчуловски.

Тарчуловска деновиве со отворено писмо образложи за што се потрошени тие пари. 

„Еве Ви ја пресметката : Јас Соња Тарчуловска, Мелани и мајката на Јохан. Авионскиот билет чинеше 800 евра x 3=2400. Најевтиниот хотел во Хаг чинеше 150 евра од вечер за тројца по 7 дена, 1050 евра. Транспортот од хотелот до затворот во два правци чинеше 40 евра, значи 280 евра. Секој месец по 1000 евра префрлавме на сметка во затворот за прехрана и телефонски картички, тоа се 4730 евра. Со останатиот дел од 270 евра преживувавме месечно во Скопје“ - напиша таа. 

Во отвореното писмо вели дека целта е да се оцрни семејството Тарчуловски. 

Слично

Поврзани вести