Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул?

Владата ќе го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул?

На предлог на Министерството за надворешни работи, се очекува Владата  да го разреши Џејсон Мико од позицијата почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД, на која беше именуван во 2013 година, дознава БИРН.

Неговиот ангажман за власта на ВМРО-ДПМНЕ вклучуваше консултантски услуги за кои бил платен од  буџетот. БИРН дошла до два договора со кои Министерството за одбрана го ангажира Мико во 2015 и 2016 година за интелектуални услуги во вкупна вредност од  17.875 американски долари.

Пред да биде платен од буџетот, Мико беше и лобист за ВМРО-ДПМНЕ. Според документите заведени на Американската агенција за регистрација за странски соработници – ФАРА, ВМРО-ДПМНЕ за 7.500 долари месечно го ангажирала Џејсон Мико да дава консултантски услуги непосредно пред изборите на 5 јули 2006 година, на кои партијата дојде на власт.

Слично

Поврзани вести