Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ЌЕ ГО РАЗГЛЕДА ПРЕДЛОГОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Можно ли е да се пролонгира рокот за замена на документи?

ВЛАДАТА ЌЕ ГО РАЗГЛЕДА ПРЕДЛОГОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Можно ли е да се пролонгира рокот за замена на документи?

Владата ќе го разгледа предлогот на претседателот на државата, Стево Пендаровски да се пролонгира рокот за замена на документи.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе се консултира со двајцата министри со кои разговарал претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со предлогот да се пролонгира рокот за замена на лични документи кој, во согласност со Преспанскиот договор, истекува на 12 февруари.

Пендаровски вчера во гостување во ТВ Сител рече дека на двајца министри им предложил со брза интервенција во законите за лични карти и за патни исправи, рокот да може да се одложи до септември-октомври и за тоа да биде известена Грција. 

Пендаровски во интервју за Сител вчера рече дека ова што сега им се случува на граѓаните кои со денови чекаат за да ги извадат личните документи е срамно и понижувачко и верува дека не треба да биде проблем да се пролонгира целата процедура. Дополнително, како што рече Пендаровски, Грција не би можела да се противи бидејќи таа не реализирала голем дел од своите обврски. 

Инаку, до средината на идниот месец во земјава треба да бидат сменети сите лични документи на кои го нема новото име на државата. Тоа создава огромни гужви на шалтерите на МВР. 

Слично

Поврзани вести