Владата ќе го раскине Договорот за софтверот на „Инвока гроуп“
Владата ќе го раскине Договорот за софтверот на „Инвока гроуп“ за полагање испити.
Генералниот секретаријат на Владата добил задолжение да го раскине Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции, склучен во период кога генерален секретар беше Драги Рашковски.
Владата, на денешната седница, ја разгледала и усвоила Информацијата во врска со, како што се наведува, потребата од раскинување на Договорот за групна набавка од 28.2.2020 година и Договорот за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции, склучен со друштвото „Инвока гроуп“ – Скопје од 11.8.2020 година.
Слично
