Владата ќе го предложи Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител
Владата ќе го предложи Ненад Савевски а нов државен јавен обвинител, соопшти денес портпаролката Марија Митева.
Ненад Савевски е судија во Кривичен суд Скопје, специјално одделение за организиран криминал и корупција.
Судијата на Основен кривичен суд - Скопје, во одделението за организиран криминал и корупција - претходно беше јавен обвинител и во Основно јавно обвинителство - Скопје (речиси 8 години) и во Основно јавно обвинителство - Гостивар (двапати по 6 месеци).
Предавач е на Академијата за судии и јавни обвинители и учествувал во подготвувањето на легислативата во областа на правосудството и слично.
Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ беа преостанатите три кандидатки со поитивно мислење.
