Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе ги разгледува концесиите па ќе излезе со став за рудниците

Владата ќе ги разгледува концесиите па ќе излезе со став за рудниците

Едно од најжешките прашања овој период за развојот на рударството во Македонија ќе почека одговор се додека службите на владата не ги разгледаат сите документи поврзани со концесиите и изградбата на рудниците за кои во одделни општини во земјава има референдуми. 

Премиерот Зоран Заев прашан од Николајчо Николов, престедател на Асоцијацијата за рударство, посочи дека засега владата ја зазема оваа позиција за детално разгледување на состојбите. 

- Ставот на Владата е да се поттикнува заштита на животот на граѓаните, но тоа не е спротивно со развојот на рударството. Сакаме да ги добиеме и анализираме сите доккументи, гржата за животната средина, да ги видиме деталите што е планирано и како се остварува, а наша цел се и инвеститорите да продолжат да работат. Откако ќе ги видиме деталите нашето решение и мислење ќе биде јавно достапно – рече премиерот Заев.

Николов, рече дека како Асоцијација бараат став од Владата за овој сектор за да не избегаат странските инвеститори.

Слично

Поврзани вести