Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како и кога ќе се изедначат условите за домашните и странските инвеститори ?

Како и кога ќе се изедначат условите за домашните и странските инвеститори ?

Тоа што беше предизборно ветување на СДСМ за изедначување на условите за домашните и странските инвеститори со сет на мерки кои ќе им бидат од помош и на македонските компании за раст на економијата и вработувањата полека добива своја форма преку одлуките кои ги носи новата влада, а се во подготовка подолг период.

„Владата на Република Македонија усвои информација со која се изедначуваат условите за инвестирање на домашните и странските инвеститори и ќе важи еднакво за сите инвеститори во ТИРЗ зоните и надвор од нив. Станува збор за информација која што се усвои за  потребата од донесување на Мерки на индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија, во рамките на Планот за економски раст“ соопштуваат од Владата.

Според информациите кои ги лиферуваше Владата, вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев истакнал дека станува збор за активности во рамките на „Планот за економски раст“ на кој Владата неколку месеци работеше во консултација и низ дебата со сите економски чинители во општеството.

Владата исто така го задолжила Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, да формира Работна група за подготовка на закон со кој системски ќе се уредат прашањата за начинот и постапката за реализација на мерките за индустриска политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на македонската економија.

Слично

Поврзани вести