Владата ќе додели 2,5 милиони денари за потребите на ЈП Македонија пат
Државните претпријатија за одржување на патиштата со години се во финансиски проблеми, имаат застарена опрема и често не можат да одговорат на предизвиците со што постои огромно незадоволство кај граѓаните. Проблемот ќе бара решение на долгорочни патеки, но за почеток Владата реши да префрли 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра.
Владата да ја разгледа Информацијата за решавање на проблемите во Јавното претпријатие за државни патишта и во Јавното претпријатие Македонија пат. Владата донесе одлука Јавното претпријатие за државни патишта и Јавното претпријатие Македонија пат да достават измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на ЈП за државни патишта за да се обезбедат 150 000 000,00 денари за потребите на ЈП Македонија пат, откако претходно ќе се обезбедат позитивни мислења од Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Државната комисија за спречување на корупцијата, соопштија од Владата.
