Владата ќе бара подобар менаџер од Макрадули за АД Пошта
Разрешувањето на директорот на АД Пошта, Јани Макрадули, е поради подобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите, рече денеска владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.
„Владата му препорача на надзорниот одбор на Пошта на Северна Македонија да го разреши Јани Макрадули заради одобрување на состојбите во компанијата и јакнење на капацитетите на менаџментот“, одговори Арсовски.
На прашање на ТВ21, дали разрешувањето на Макрадули има некаква врска со случајот на поранешниот секретар на Влада Мухамед Зекири, Арсовски истакна дека може само да го повтори истото што го кажал претходно.
Слично
