Владата ќе распишува избори за замени на осудениот Стојчев и починатиот Љата
Владата на денешната седница ќе иницира постапка за распишување на избори за градоначалници на Ново Село и Дебар.
Овие две локални самоуправи останаа без градоначалници откако Боро Стојчев летоска беше фатен во обид за шверц на цигари, а Апелациониот суд во Штип казната затвор му ја намали од 18 на шест месеци затвор, додека Ружди Љата почина минатиот месец додека ја извршуваше својата функција.
Министерството за локална самоуправа ќе ги презентира информациите во врска со Одлуката за престанок на мандатот по сила на закон, а последниот збор ќе го има Владата.
Слично
