Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе бара „Јадран филм“ да ги врати парите, оттаму велат дека некој некоректно ја информирал Владата

Владата ќе бара „Јадран филм“ да ги врати парите, оттаму велат дека некој некоректно ја информирал Владата

Хрватската продукција „Јадран филм“ земала над еден милион евра од македонската Агенција за филм за да снима серија за Македонија во 130 епизоди. Првата сезона требало да ја испорача до 4 – ти септември годинава, но од скапо платената играна серија за македонската историја нема ниту една минута материјал. Агенцијата за филм вчера ја информирала Владата дека констатитала сериозни пропусти во врска со доделувањето средства за овој проект и неговата реализација.

„Вчера на владина седница се донесе одлука дека остатокот од парите од 4,6 милиони евра нема воопшто да бидат префрлени, а ќе се бара одговорност и за овие пари кои што се веќе префрлени, бидејќи сервисот не бил доставен. Значи ништо ниту е снимано, ниту имал некој намера да снима“  – изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада

Од Владата најавија дека доколку се утврди дека доделените пари не се искористени согласно договорот, ќе биде активирана банкарска гаранција, а од „Јадран филм“ ќе се побара да ги врати парите и да ѝ плати на Агенцијата за филм затезна камата. 

„Јасно е видливо дека некој од свои причини на сосема некоректен начин погрешно ја информирал Владата на РМ. Тоа е отидено толку далеку што дури и портпаролот на Владата на денешната прес конференција изнесе сосема неточна констатација дека “воопшто не сме ја снимале серијата”. Тоа е потполна невистина за што јавноста ќе ја увериме во спротивното. Заради оваа објавена невистина, ние  многу порано од тоа што планиравме на интернет ќе објавиме делови од снимениот материјал се со цел да ја докажеме вистината и да покажеме дека некој неточно ја информирал Владата. Сметаме дека после тоа имаме полно право да очекуваме дека тие кои свесно и намерно ја измамиле Владата, треба да одговараат за предизвиканата штета. 

Сите потрошени средства кои се доделени од страна на Агенцијата за филм се наменски и не постои никаков доказ кој говори спротивно на ова! Истовремено информираме дека целосниот финансиски извештај јасно покажува дека доделените средства се трошени согласно одредбите од Договорот и Законот за филмска дејност – строго наменски за потребите на предпродукција и продукција на првата сезона од серијата“ - реагира  Винко Грубишиќ од „Јадран филм“. 

Од „Јадран филм“ ветуваат дека јавно ќе објават каде и како е потрошен секој денар и тврдат дека во серијата исто така вложиле и вложуваат сопствени средства.

Слично

Поврзани вести