Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе гради 474 станови за лица со социјален ризик

Владата ќе гради 474 станови за лица со социјален ризик

Во 2013 година Владата преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ќе отпочне со градба на 474 станови во пет градови во државата. За изградба на овие станови коишто се наменети за лица со социјален ризик и други ранливи групи Владата издвои 867.833.000 денари.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на неделава ќе отпочнат постапките за изградба на овие станови.

- Ќе бидат распишани јавни повици за интерес за градење на становите и ќе бидат отворени понудите, потоа ќе се пристапи кон електронска негативна аукција на која компаниите кои сакаат да ги градат становите по пат на наддавање ќе конкурира и онаа компанија која ќе понуди најниска цена ќе ги гради становите, изјави Ѓорѓиев.

Станови ќе се градат во Скопје, во општината Бутел - 312, во Ресен 18 станови, во Демир Хисар 25, во Кочани 43 и 76 станови во населбата Точила во Прилеп.

Рокот за изградба за некои згради е до 2014, а за некои 2015 година.

Слично

Поврзани вести