Владата ја разреши комисијата за проценка на штети бидејќи не се согласува со нивниот извештај за проценка
Портпаролот Душко Арсовски денеска на прес-конференција рече дека Владата на вчерашната комисија ги разрешила членовите на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди, затоа што, како што вели гласноговорникот, не доставиле соодветен извештај за исплаќањето на обештетувањата во Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе.
„Владата изрази несогласување со збирниот извештај за настанатите штети на комисијата за проценка и утврдуваше на висината на штетите и донесе одлука членовите да бидат разрешени, како и да се направи избор на нови кои ќе бидат именувани на една од наредните седници на Владата со обврска да достават ревидиран извештај“, повтори Арсовски.
Според портпаролот, Владата негативно го оценила извештајот по временските непогоди во овие општини.
„Од таа причина донесе одлука да се именува нова комисија во насока на тоа да опстои на заложбата проблемите да се решаваат веднаш“, додаде Арсовски.
