Владата ја промени бојата
Владата ја промени бојата на осветлувањето и во наредните денови ќе доминира портокаловата боја на фасадата во знак на поддршка против насилството над жените.
„Владата на Република Македонија цврсто стои зад заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на насилство врз жените и девојките.
Неодамна ја ратификувавме Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, а минатиот месец го усвоивме Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на конвенцијата.
Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на истото“, рече премиерот Зоран Заев.
Слично
