ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ја поништи листата со тројца кандидати за судија во Стразбур

Владата ја поништи листата со тројца кандидати за судија во Стразбур

Владата не ја прифати листата со тројца предложени кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). На листата се обвинителката Ленче Ристоска, судијката од Апелациониот суд Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски. Се наведува дека кандидатите не ги исполнувале предвидените услови.

По оваа одлука, Владата донела решение за формирање нова комисија со 5 члена, наместо претходните 9. Одлуката е објавена во „Службен весник“ на 25 јули. Новиот состав го сочинуваат претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани, в.д. претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска, претседателот на Основниот граѓански суд, Бесник Авдија, и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајковска Стрезоски.

Новиот судија треба да го замени актуелниот претставник на Македонија во ЕСЧП, Јован Илиевски, чиј мандат завршува на 1 февруари 2026 година.

ad
Слично

Поврзани вести