Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ја одобри првата сума за претседателските избори

Владата ја одобри првата сума за претседателските избори

Владата на денешната седница го одобрен буџетот за првиот дел од претстојните претседателски изборим а станбува збор за првична сума во висина од 100 милиони денари.

„На денешната седница Владата донесе одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година наменети за првиот дел од кампањата за претседателските избори на барање на Државната изборна комисија во висина од 100 милиони денари.“, соопштија од Владата.

Секој од трите кандидати за претседател на Македонија - Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река же можат да потрошат по околу три милиони евра секој посебно за медиумската кампања.

Трошоците ги покрива државата, кога станува збор за рекламирање во медиумите.

Слично

Поврзани вести