ВЛАДАТА ИЗНЕНАДУВА: Нови 100 милиони евра од ЕИБ за финансирање на мали и средни претпријатија
Владата на РМ со нов метод. Таа ќе обезбеди нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за финансирање мали и средни претпријатија.
Вчера оттаму соопштија дека на повидок е нов стимул за претпријатијата.
„На денешната владина седница е разгледана и усвоена информацијата во врска со потребата од обезбедување дополнителни 100 милиони евра средства за нова, петта кредитна линија од Европската инвестициска банка за финансирање мали и средни претпријатија“, соопштија од владата.
На седницата било укажано на Македонската банка за поддршка на развојот во преговорите со комерцијалните банки да се заложи цената на каматата да не надмине 3,2 проценти за крајните корисници.
Слично
