Владата изгласа Анекс на договорот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип
Изградбата на автопатската делница Миладиновци-Штип по се нема да остане заглавена и закочена бидејќи Владата на денешната седница по предлог на Министерството за транспорт и врски беше разгледан го прифати текстот на Анексот кон Договорот за изградба на автопатот Миладиновци – Штип помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата Синохидро.
Владата донесе одлука со која се овластуваат Кочо Анѓушев – Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, Горан Сугарески – Министер за транспорт и врски и Зоран Китанов – в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта да го потпишат Анексот број 1 кон Договорот за изградба на патна делница Миладиновци – Штип, откако тој ќе помине и ќе биде усвоен низ процедурата во Соранието на Република Македонија.
