Владата им најде забелешки: Кои директори не добиваат уште една шанса
Горјан Тозија досегашниот директор на Агенцијата за филм Горјан Тозија нема да добие уште еден мандат. Владата на синоќешната седница одлучи да објави Јавен оглас за именување нов директор на Агенцијата за филм. На седницата на која имаше и други именувања, за членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на дрѓавата беа именувани Ветон Мурати, Владо Неданоски, Никола Рилак и Зоран Саздовски. Од Владата соопштија дека со изборот на членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Македонија, им препраччува да да поведат постапка за разрешување на актуелниот директор Шпенд Хајредини, заради индиции за сериозни нарушувања на повеќе одредби од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, како и заради постапки кои укажуваат на надминување на надлежностите предвидени со Законот за јавни претпријатија.
Владата донесе одлука да му предложи на УО на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта да го разреши актуелниот директор Љујзим Фејзулаи заради неисполнети обврски од програмата за работа и заради слаби резултати и на негово место да го именува Нефрус Челику.
Еве и други решенија - Билјана Јовановска заминува од Агенцијата за вработување.