Владата им го честиташе Денот на независноста и на Бугарите, Хрватите и Црногорците
Владата во денешната честитка по повод Денот на независноста им го честиташе националниот празник, покрај сите вообичаени етнички заедници кои до сега се споменуваа, и на Бугарите, Хрватите и Црногорците, кои за прв пат се споменуваат.
„8 септември, Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Северна Македонија. Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи.
Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци... Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други,
Нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата.
Да живее Република Северна Македонија!“, се вели во честитката.
Во Македонија постои политичка иницијатива во Уставот како национални малцинства да се најдат и заедниците на Бугарите, Хрватите и Црногорците.
Слично
