ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ИМ ДАДЕ РОК НА ИНСТИТУЦИИТЕ: До 15 септември да ги сменат табличките на службените возила

ВЛАДАТА ИМ ДАДЕ РОК НА ИНСТИТУЦИИТЕ: До 15 септември да ги сменат табличките на службените возила

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски, соопшти дека Владата на денешната седница донела одлука - сите државни институции и јавни правни лица до 15 септември да ги променат табличките на возилата.
На денешната Владина седница беше донесена одлука: сите државни институции и јавни правни лица мора да ги променат регистарските таблици на службените возила со таблици во боја најдоцна до 15.09.2025 година.

Со ова исполнуваме уште едно ветување – обележување на службените возила за зголемена транспарентност и отчетност.

Крај на злоупотребите за приватни и партиски цели.

Јавноста ќе може лесно да ги препознае службените возила.

Институциите имаат јасен рок – време е за одговорност!“, објави тој.





ad
Слично

Поврзани вести