Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата и натаму има дилеми за албанскиот јазик на банкнотите и униформите, Венецијанската комисија ќе одлучи

Владата и натаму има дилеми за албанскиот јазик на банкнотите и униформите, Венецијанската комисија ќе одлучи

Владата и натаму има дилеми за имплементацијата на членот 8 од Законот за употреба на јазиците во кои се наложува албанскиот да стане службен и на банкнотите и на полициските униформи, откако испрати алтернативен текст од овој дел од актот за мислење до Венецијанската комисија.

Денеска Владата потврди дека испратена е целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венецијанската Комисија, заедно со алтернативниот текст на членот 8, кој не е составен дел од Законот, бидејќи, како што велат од Владата, се поставило прашањето за неговата усогласеност со Уставот.

- Секое укажување ќе биде вградено. Ова е дадено право, кое досега беше забрането право. Тоа е уставно право на дел од македонските граѓани. Очекувам одговор во регуларен рок - рече денеска премиерот Зоран Заев.

До претседателот на Венецијанската Комисија Џани Букичио е испратено и писмо во кое пишува дека испраќајќи го Законот и алтернативата на членот 8, Владата очекува мислење по истите од аспект на нивната усогласеност со европските стандарди и со принципот на владеење на правото.

Вчера вицепремиерот Бујар Османи го искажа својот став дека Татјана Каракамишева, претседател на комисијата за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ, како претставник на Македонија во Венецијанската комисија би можела негативно да влијае на останатите членови и како одговор земјата да добие негативно мислење. Османи, кој е најактивен во почетокот на имплементирањето на овој акт со кој албанскиот станува втор злужбен во земјата, смета дека законот не треба да се испраќа до комисијата се додека таму членува Каракамишева. На ова таа му одговори дека е професорка по Уставно право и дека ќе инсистира прописите да се почитуваат.


Слично

Поврзани вести