Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата и натаму блокирана со автобуси на ЈСП

Владата и натаму блокирана со автобуси на ЈСП

Околу 15 автобуси на ЈСП Скопје се наоѓаат на булеварот пред Владата, така што сообраќајот е затворен кон „Илинденска“ од правецот на мостот „Гоце Делев“ и од правецот на булеварот „ВМРО“.

Сообраќајот на овој фрекфентен дел е затворен, а останатите автобуси на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените. 

Последната информација од синдикатот е дека автобусите се паркирани пред владата по налог на градоначалничката Данела Арсовска за да се предупредат министрите дека имаат долг иако владата негираше дека должи пари на скопското сообраќајно јавно претпријатие. 

Во знак на протест поради неисплатените плати синдикатот на градското претпријатие завчера реши со автобуси да го блокира булеварот, а Владата да биде директен сведок на нивното незадоволство.

Вчера беше постигнат договор денеска да биде исплатена платата, а дали ќе се чека парите да легнат на сметките на вработените па да се тргнат автобусите, останува да се види.

Слично

Поврзани вести