Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата готова во понеделник, Османи извиси?

Владата готова во понеделник, Османи извиси?

Предлогот за новиот состав на Владата предводена од Зоран Заев најверојатно во понеделник ќе биде доставен до Собранието, објави Алсат М.

По поднесениот предлог, почнува да тече законскиот рок од 15 дена за гласање за нејзин избор, но, според телевизијата, очекувањата се дека изборот ќе се случи пред крајот на предвидениот рок.

Телевизијата јави и дека Бујар Османи ќе извиси од владина функција, пренесе Алсат.

Според телевизијата, тој повеќе не е кандидат за министер за надворешни работи, а таа позиција ќе ја преземе Артан Груби, додека вицепремиерската функција му се предава на Изет Меџити.

Слично

Поврзани вести