Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го задолжи МВР да утврди одговорност за настанот во Струга

Владата го задолжи МВР да утврди одговорност за настанот во Струга

МВР доби задолжување да утврди одговорност за настанот во Струга и за прославата на Денот на полицијата заради сериозно прекршување и непочитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

Владата  на денешната 50-та седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, веднаш да го испита случајот со одржувањето на верскиот настан во текот на вчерашниот ден во Струга. 

Истото важи и прославата организирана од Министерството за внатрешни работи по повод одбележувањето на Денот на полицијата, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани со одлуките, мерките и препораките донесени од страна на Владата. 

Воедно,  да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.

На оваа своја седница Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот со кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара од МВР да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите.

Слично

Поврзани вести