Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го враќа екстра-денот за славење Нова Година

Владата го враќа екстра-денот за славење Нова Година


Владата го враќа Втори јануари како неработен ден за јавната администрација со препорака тоа да го направи и приватниот сектор, неочекувано со одлука синоќа на владина седница.

Засега 2 јануари не се враќа како празник на календарот, туку само како владина одлука.

До 2006 како официјални празници се водеа 2 јануари и 2 мај како екстра-денови за славење на Нова Година и Денот на трудот, но тогашната нова владина гарнитура ги укина, воведувајќи нови на нивното место.

Граѓаните колективно се уште ги паметат овие два празници.

Во соопштението на владата, по денешната седница, нема образложение за ваквата одлука.

Засега Владата нема образложение зошто овој датум ќе биде неработен, а одуката ја донесе без најава.


Слично

Поврзани вести