Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го утврди текстот на предло-законот за ратификацијата на пристапот во НАТО

Владата го утврди текстот на предло-законот за ратификацијата на пристапот во НАТО


Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година со кој земјата формално ќе стане членка на НАТО откако сите земји ќе го ратификуваат пристапниот протокол.

Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор на нашата земја со НАТО, ќе биде пуштен на усвојување во Собранието и се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“.

Потоа истиот ќе биде депониран во Вашингтон, откако парламентот на Шпанија како последна земја-членка на Алијансата која го нема направено тоа ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во пактот.


Слично

Поврзани вести