Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го усвои Ребалансот на буџетот и законските измени за неработење во недела

Владата го усвои Ребалансот на буџетот и законските измени за неработење во недела

Владата на денешната седница го усвои Ребалансот на буџетот за 2021 со кој ќе треба да се намалт одредени расходи и средствата да се пренаменат за полесно пребродување на тешкотиите предизвикани од пандемијата, а исто така усвоени се и законските измени со кои повеќето дејнсоти нема да можат да работат во недела.

Премиерот Заев, денеска по овој повод ќе одржи прес-конференција со ресорните министри за одлуките од седницата на Влада. Понатаму, Собранието ќе треба да ги усвои овие решенија.

„Станува збор за предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи -  Недела ден за неделен одмор, како и за Ребалансот на буџетот 2021 година“, соопшти Владата.

Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и со министерот за економија, Крешник Бектеши ќе се обратат за предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а потоа премиерот Заев заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе го презентираат Ребалансот на буџетот за 2021 година.


Слично

Поврзани вести