Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун

Владата го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун

Денес, на 178-та седница на Владата помина Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи.

Според министерот за здравство Азир Алиу, ова е важен чекор за јавното здравје и за заштита на децата, непушачите, работниците и граѓаните.

„Постојниот закон датира од 1995 година. По речиси три децении, реалноста е променета: денес имаме електронски цигари, нови никотински производи, онлајн рекламирање, социјални мрежи и нови форми на промоција кои директно влијаат врз младите.

Овој закон е резултат на долг процес на консултации, анализи и усогласување со институциите, инспекциските органи, угостителскиот сектор, индустријата, експертите, граѓаните и со професионална поддршка од Светската здравствена организација.

Со овој закон поставуваме појасни правила за јавните и работните простори, за терасите, за новите тутунски и никотински производи, за рекламирањето и промоцијата, како и за заштита на децата во близина на училиштата, здравствените установи и просторите каде што престојуваат деца“, соопшти министерот.



Слично

Поврзани вести