Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го усвои Буџетот со сите амандмани, што е следно?

Владата го усвои Буџетот со сите амандмани, што е следно?

Носењето на буџетот за 2018 година се одвива без поголеми пречки и откако заврши првата фаза на собраниско разгледување во соодветната комисија заедно со прифатените амандмани, предлог Буџетот вчера помина и на владина седница со тоа што беше усвоено се што предложија пратениците.

„Владата на Република Македонија го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2018 година со прифатените амандани од комисиската расправа во Собранието на Република Македонија. Министерот за финансии ги информираше членовите на Владата на Република Македонија дека во дополнетиот предлог Буџет за 2018 направени се зголемувања на финансиски средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, блок дотации за градинки, основни и средни училишта, културни установи на регионално ниво со зголемување од 200 милиони денари, во Фондот за здравство од 100 милиони денари и во Инспекторатот за животна средина од 10 милиони денари“ соопштија од Владата.

Следен чекор е вака скроениот дополнет предлог Буџет за 2018 година повторно да се врати во собраниска процедура при што ќе има пленарна седница на која ќе се води дебата меѓу пратениците по што се очекува и буџетот да биде изгласан. Со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ја бојкотира работата на Собранието не се очекуваат политички пречки за блокада на гласањето за предлог буџетот/

Слично

Поврзани вести