Владата го разреши Пауновски
Владата денеска на седница донесе одлука да се разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, дознава ТВ21.
Претходно премиерот Зоран Заев истакна дека на состанокот со инспекторите денеска ги
слушнал аргументите, и истите ќе бидат презентирани во Владата, каде ќе се донесе одлука за
Пауновски.
Судирот меѓу Пауновски и премиерот излезе на виделина откако директорот на ДПИ одби да прими 35 рамковно вработени со несоодветно образование и квалификации. Пауновски им соопшти дека на Пазарна не и се потребни безлични административци, туку инспектори со адекватно образование.
Слично
