Владата го разреши директорот Марјан Спасовски по бегството на Мемети
Владата по денешната редовна седница објави дека Марјан Спасовски е разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера рече дека не е задоволен од неговата работа. Сето ова се случува по бегството на затвореникот од Идризово. Директорот на санкции и покрај тоа што знаел за коруптивноста на командирот Срѓан Димитријески, сепак и натаму го оставил на таа позиција а бегството на затвореникот се случило токму во негова смена.
По скандалот со бегството на Беким Мемети осуденик на долгогодишна затворска казна поради убиство од затворот во Идризово, на командирот и вработени во затворот Идризово им е поднесена кривична пријава поради сомнение дека го овозможиле бегството.
