Владата го разреши Бучковски
Владо Бучковски повеќе не е специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија.
Владата на денешната седница го разрешила Бучковски од должноста специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија за надминување на спорот. Разрешувањето поминало на седницата како дел од точката „кадровски решенија“. Разрешувањето доаѓа само еден месец откако беше продолжен мандатот.
Инаку, тој 1 декември 2020 година ја извршуваше оваа функција. Причините за разрешувањето се непознати.
Слично
