Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ: Во уште една земја ќе важи македонската возачка дозвола

ВЛАДАТА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ: Во уште една земја ќе важи македонската возачка дозвола

Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се земјите во кои реципрочно се признаени македонските возачки дозволи.

По вчерашната седница на Владата, кон оваа листа се приклучува и Босна и Херцеговина.


На 13 септември Владата и Советот на министри на Босна и Херцеговина го потпишаа договорот за заемно признавање и замена на возачките дозволи а синоќа Владата го утврди предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина 


Возачките дозволи ќе се признаваат од надлежните органи на двете земји на возачи кои како туристи или комерцијални возачи управуваат со возило на територија на едната или другата држава а граѓаните кои имаат регулиран престој согласно националното законодавство на двете држави, ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола од истата категорија и подкатегорија на другата држава, без да има потреба од полагање теоретски и практичен испит.


Во иднина се очекува и патување меѓу двете земји само со лични карти, што беше најавено како можност при посетата на премиерот Зоран Заев во БиХ. 

Слично

Поврзани вести