Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го презема патот кон Теферич, тендер за санација следната недела

Владата го презема патот кон Теферич, тендер за санација следната недела

Министерството за транспорт целосно ќе го преземе проектот за стабилизација и санација на свлечиштето на патот кон населбата Теферич, соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.

„Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам најдоцна следната недела да излезе тендерот за избор на изведувач. По изборот на изведувачот ќе почнеме со санација, со цел таа да биде завршена пред почетокот на зимата“, изјави Николоски.

Тој оцени дека станува збор за сериозно свлечиште, чија санација ги надминува можностите и капацитетите на Општина Кисела Вода и на Град Скопје. Одлуката Министерството да го преземе проектот била донесена на седница на Владата, по координација со локалните власти.

Слично

Поврзани вести