Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го потврди датумот на посетата на папата Франциск на Македонија

Владата го потврди датумот на посетата на папата Франциск на Македонија

Македонската влада го потврди датумот 7 мај на посетата на папата Франциск, што ќе биде прва визита на еден поглавар на Ватикан на нашата земја.

Првиот свештеник на Римокатоличката црква, папата Франциск, покрај Скопје, во турнејата ќе ги опфати и Софија и Раковски.

– Неговата светост папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките власти на државата и на Католичката црква, ќе оствари апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети Скопје – родниот град на света Мајка Тереза, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.



Слично

Поврзани вести