Владата го потегна процесот кој треба да донесе минимална плата од 12000 денари
На синоќешната 19-та седница Владата го усвои предлогот за измени на Законот за минималната плата од 12.000 денари. Со овие измени кои сега треба да одат во собраниска процедура, се вели во владиното соопштение, ќе се обезбеди и финансиска поддршка од буџетот за фирмите да ја исплаќаат договорената повисока минимална плата.
Предвидено е да се издвојат 1,5 милиони евра од буџетот со цел да се стигне до посакуваната сума за минималната плата која треба да гарантира пристојно плаќање на работниците, особено во сектори каде се најмногу загрозени. Предложените измени сега ќе се чека да добијат поддршка и од парламентарното мнозинство. Планирано е новите измени да важат од 1 септември годинава.
Владата исто така планира поддршката да трае една година, со тоа што во шесте наредни месеци односно следната година, износот на пари да се преполови на 750.000 евра месечно, бидејќи се очекува компаниите да се прилагодат на новите услови.
Со мерката се предвидува да бидат опфатени 130 илјади работници.
