Владата го осуди палењето на автомобилот на Груби, очекуваат расчистување на случајот во најкус рок
Од Владата велат дека безбедноста е врвен приоритет во едно демократско општество и затоа го осудуваат чинот на палење на возилото кое го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби.
Оттаму велат дека истото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности.
„Сите надлежни институции, истражните и судските органи, во рамките на своите надлежности постапуваат без одлагање, одлучно и професионално со цел целосно разрешување и расчистување на овој случај во најбрз можен рок“, велат од Владата.
Неколку партии веќе го осудија настанот.
Слично
