Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош на повредените во Кочани, објаснија зошто...
Владата го одби амандманот на СДСМ за финансиска помош за повредените во пожарот во Кочани.
Власта не го прифати предлог - амандманот за одредување средства од буџетот за повредените во пожарот. На расправата по предлог ребаланс на буџетот, денеска заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека преку фондови Владата веќе им помага на повредените.
Опозицијата одговори дека таквата помош не е доволна и реална. Се работи за над 200 повредени кои треба да застанат на здрави нозе.
„Нема да дозволиме да се политизира ваква трагедија“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.
Пред некој ден, родителите на загинатите меѓудругото побараа и финансиска помош од државата.
Во пожарот на 16 март загинаа 62 луѓе, а повредени беа 200 луѓе.
