Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата со „нов“ авион

Владата со „нов“ авион

Натписот на владиниот авион на премиерот Зоран Заев е преименуван во "Република Северна Македонија" 

Делегацијата предводена од Заев пристигна минатата ноќ во Австрија, каде што шефот на македонската влада беше специјален гостин на австрискиот канцелар Себастијан Курц на Виенскиот бал..

Интересно беше што авионот со кој премиерот Зоран Заев патуваше во Виена беше преименуван во "Република Северна Македонија".

Заев пред еден месец изгласувањето на ратификацијата на Преспанскиот договор со 153 гласа во грчкиот парламент го затекна на аеродромот во Швајцарија враќајќи се од најпознатиот политичко-економски собир во Давос, но тогаш натписот на авионот се уште не беше заменет.

Слично

Поврзани вести