Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го испрати Спасовски, а Пендаровски го пушти Бошњаковски на гробот на Гоце Делчев

Владата го испрати Спасовски, а Пендаровски го пушти Бошњаковски на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Владата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

„Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност“, соопшти владината делегација.

Делегација од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски,  предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, исто така положи цвеќе по повод 118-годишнината од смртта на македонскиот револуционерен деец.

Цвеќе положија и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничките Даниела Маркоска и Велика Стојкова – Серафимовска.

Слично

Поврзани вести