Владата ги одобри измените за вработените во јавниот сектор
На денешната седница на Владата на Македонија беше разгледан и утврден новиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, и Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, со цел хармонизација на домашното законодавство во поглед на спроведувањето на реформата во безбедносно-разузнавачкиот систем.
Истите повлекуваат вработените и актите за внатрешна организација и систематизација во Агенција за национална безбедност да бидат изземени од организациската поставеност на Министерството за внатрешни работи и истите да бидат третирани во друга подгрупа (овластени службени лица) на вработени во јавниот сектор, односно статусот на вработените и актите за внатрешна организација и систематизација да бидат уредени со материјален закон.
Двата предлог закони ќе бидат доставени до Собранието на РСМ на усвојување во редовна собраниска постапка.
