Владата ги назначи членовите кои ќе преговараат со синдикатите и работодавачите
Иако формално, сепак неопходно беше и формирањето на еконмско-социјалниот совет во кој со вчерашната одлука на влада од страна на извршната власт ќе учествуваат Мила Царовска министерка за труд и социјална политика, Драган Тевдовски министер за финансии, Крешник Бектеши министер за економија и Кочо Анѓушев заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања.
Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата на Република Македонија и социјалните партнери за водење на социјален дијалог, заради создавање на услови за економска и социјална стабилност и остварување на темелните вредности на Република Македонија како демократска и социјална држава.
Потписници на спогодбата за формирање на Економско-социјалниот совет се Владата на Република Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи.
