Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ги „држи на око“: Работодавците да ги ослободат од работа бремените жени и хронично болните лица

Владата ги „држи на око“: Работодавците да ги ослободат од работа бремените жени и хронично болните лица

Македонија е во портокалова фаза. Тропски горештини на кои треба да се почитуваат препораките на надлежните институции.

Тоа значи бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години и градежните работници да се ослободат од работа за време на овие три дена за кои е прогласена фазата. 

Исто така Владата наложува градинките кои згрижуваат деца да не ги изложуваат на отворено и да не практикуваат физичка активност од 11 до 17 часот. 

Меѓудругото единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран е наложено да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Им се порачува на работодавците да ги почитуваат овие законски прописи а истото важи и за државните органи и јавните претпријатија и установи.

На сите граѓани им се препорачува да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 

Слично

Поврзани вести